Македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски натпревари како подготовка за настапот на Европското првенст во 2020 година, кое ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка.  Селекторот Данило Брестовац, веќе го објави список од 23 ракометари на кои ќе смета за ЕХФ-неделата, која е закажана од 21 до 27 октомври.

На списокот ги нема повредениот  Стојанче Стоилов, како и голамнот Никола Митревски, крилото Гоце Георгиевски и столбот во одбраната Велко Маркоски.

Нашиот национален тим ќе одигра меѓународни пријателски натпревари против репрезентациите на Турција и Грузија.

Избраниците на Данило Брестовац како дел од подготовките за ЕП ќе настапат и на традиционалниот ракометен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Ова ќе биде шести настап за нашиот национален тим на еден од најстарите ракометни турнири на Стариот континентот.

На Европското првенств во јануари следната година Македонија ќе игра во групата Б во Виена, каде што за првите две места што носат пласман во следната фаза ќе се бори со Чешка, Австрија и Украина.

Список на повикани ракометари: Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Бојан Маџовски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Дарко Димитриевски, Дејан Кукуловски, Михајло Младеновиќ, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Жаркао Пешевски, Филип Арсеновски, Милан Лазаревски, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Кузмановски и Никола Маркоски.