Двојната светска шампионка на 400 метри со пречки, 35-годишната Чехинка Зузана Хејнова, објави дека се пензионира. Причина за завршување на кариерата е бременоста. Покрај тоа, последните две години имаше проблеми со повредите, па последен пат настапи во септември 2020 година.

  • Имам голема кариера зад мене, а сега се радувам за новата улога во мојот живот – изјави Хајнова.

Таа освои златни медали на 400 метри со пречки на Светското првенство во 2013 година во Москва и во 2015 година во Пекинг. На Олимпијадата во Лондон во 2012 година освои бронза, по што побрзи беа Русинката Наталија Антјук и Американката Лашинда Демус.