Бредли Купер за време на Оскарите фатен е со поранешната девојка, славната актерка Рене и тоа во бекстејџот како насмеано ужива во нејзиното друштво.
Се чини дека јавноста, поради многубројните љубовни приказни во врска со Бредли Купер, речиси и да заборавила дека неговата љубов, пред скоро една деценија, била токму Рене Зелвегер.
Откако Рене се здоби со оскаровската награда за најдобра женска улога, парот се состана во бекстејџот.
Нивната насмевка говори само едно – дека и по девет години од нивната разделба тие се во добри односи. Рене и Бредли биле девет години во сериозна врска, а неколку месеци пред да се разделат живееле заедно.
„Јас едноставно неа многу ја сакам и не постојат зборови со кои можам доволно да ја пофалам“, а потоа додал дека со задоволство сака да соработува во филмови во кои е и Рене бидејќи многу може да научи од неа, кажал за „Entertainment Tonight“.
Колку била силна нивната љубов доказ е и тоа дека славната актерка не сакала да се појави на доделувањето за Златен глобус поради смртта на таткото на Бредли.
И минатата година Бредли беше главен заводник на доделувањата на Оскар.
И додека оваа година се зборува за Бредли и Рене, мината година во ек беше аферата со Лејди Гага, иако тогаш сè уште бил во врска со манекенката Ирина Шајк по што нивниот однос се влоши и на крај раскинаа.