Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Стеф Кари е подготвен за учество на Ол-стар викендот, и тоа не само на главниот меч на сите ѕвезди, туку и во натпреварувањето за шутирање тројки. Ѕвездата на Голден стејт е дополнително мотивирана од фактот дека Ол – стар викендот ќе се одржи во неговиот роден град Шарлот, но и дека тројки на истото натпреварување ќе шутира неговиот брат Сет.
- Со самото тоа што се игра во Шарлот, тоа е убава приказна. Татко ми играше десет години во Шарлот, брат ми Сет до неодамна имаше најдобар процент за тројки во лигата. Дуел на браќата Кари во Шарлот, тоа ќе биде убаво. Знам дека Сет ќе сака да ме победи, тоа е сигурно, изјави Стеф.