Брајан Адамс во Скопје – светски концерт на големиот музички артист/фото галерија

314
Фото: Звонко Плавевски/ Vecerpress

Неверојатен музички спектакл приредува големата музичка ѕвезда Брајан Адамс на вечерашниот концерт во живо во Скопје.

Фото: Ѕвонко Плавевски/ Vecerpress

Во преполната Арена А1 има фанови како домашни, така и од регионот.

Канадскиот музичар уште на почетокот најави добра забава, и рече дека “за првпат доаѓа во Македонија, и има многу песни за пеење“. Концертот почна со неколку песни од новиот албум „Shine a light“, за да продолжи во ритамот на неговите хитови Have You Ever Really Loved a Woman“, „Everything I do (I do for you)“

Фото: Ѕвонко Плавевски/ Vecerpress

Брајан Адамс, гостува во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени низ светот.

Фото: Ѕвонко Плавевски/ Vecerpress
Фото: Ѕвонко Плавевски/ Vecerpress

Адамс, кој минатата недела го прослави 60. роденден, е еден од најуспешните канадски музичари на сите времиња, со продадени над 75 милиони албуми низ цел свет.