Бразилската супермоделка Алесандра Амбросио го запали Балканот: Утре пристигнува во Белград

133

Познатата манекенка Алесандра Амбросио веќе некое време ужива во убавините на Црна Гора, а на социјалните мрежи објавува дека е воодушевена од сѐ што посетила и видела во оваа земја.

Сепак, ангелот на „Викторијас сикрет“ реши да го посети и Белград и да ужива во спомениците на културата, но и во ноќниот живот што го нуди градот.

Манекенката во Белград ќе престојува неколку дена, а како што пренесува „Телеграф“, зад нејзината посета стои важен повод – роденденот на нејзината ќерка кој Амбросио одбра да го прослави токму во главниот град на Србија.

Таа утре пристигнува во Белград во придружба на нејзината ќерка и нејзините пријатели.