Бразилската манекенка Алесандра е на море: со ананас….и со новото богато момче Александар

1421

 

Светски познатата манекенка од Бразил, Алесандра Амбросио, се разнежува на морските плажи, спасувајќи се од многу жешкото лето. Разнежувањето се однесува на ананасот, нејзиното најсакано овошје, но и со новото згодно саканото момче.

Тоа е Александар Смурфит, син на мултимилионерот Мајкл Смурфит, кој се смета за водечка фигура во светската индустрија за амбалажа, чие богатство се проценува на 400 милиони долари.

Тие се заедно од оној момент кога таа раскина  со поранешното момче Ричард Ли.

Алесандра и Александар, кои имаат исти имиња, сега се на летување на Ибица, а, покрај имињата, имаат и многу исти навики: да стануваат рано наутро и да шетаат по морскиот брег додека не припече сонцето.

Секако и дишат јод од морето. Така ја одржуваат физичката кондиција, бидејќи пешачењето по ситен песок во плитката лековита, морска вода, на растојание од околу 10 километри, им дава природна убавина на манекенските нозе на Алесандра.

Секако дека ужива и Александар, правејќи ѝ друштво на девојката. На двајцата морето им е голема инспирација не само професионално туку и приватно. Велат дека наоѓаат многу повеќе време за водење љубов, што го сметат за голема придобивка во зачувување на здравјето. Согласни се дека така треба и да остане.   Д.М.