Колку Винисиус бил сигурен дека ќе ја освои „Златната топка“ покажува информацијата дека тој поканил околу 20 луѓе, плус неговото потесно семејство и пријателите, да отпатуваат со него во Париз, а потоа да бидат дел од приватната забава во Париз.
Сепак, „L’Equipe“ пред почетокот на свечената церемонија ја пласираше и информацијата дека Винисиус, како и останатите од експедицијата на Реал (М), го откажале патувањето во Париз. Бразилецот го откажа и хотелот кој го изнајми за својата компанија и забавата што ја планираше по церемонијата.
На забавата покрај неговото семејство и пријателите од Бразил, требаше да бидат и некои играчи на Реал (М), но ништо не се случи затоа што Родри ја освои престижната награда.