Кошаркарските и ракометните клубови се закнија дека нема да играат во ракометната Суперлига и кошаркарската втора лига  поради долгата процедура за добивањето ваучери во вкупна вредност од еден милион евра, кои требаше да бидат поделени на 35 клубови. Клубовите апелираа и за политичките игри и превирањата да бидат оставени настрана за да се помогне на спортот.

Информацијата за бојкотот во ракометната и кошаркарската лига ја соопштија Дарко Петровски од РК Аеродром, во името на ракометните прволигаши, како и Благоја Кечовски, во името на второлигашите при мак-баскетот.

Клубовите изразија надеж дека би можеле да добијат позитивен одговор од АМС следната недела, за бојкотирањето да биде многу кусо. Но, доколку не се случи тоа  овие лиги воопшто нема да се играат до јрајот на сезоната.

Фото: П. Стојановски