„Бојкотирам“ со оро и патриотски песни го славеше „неуспешниот референдум“: Бараме Владата да си поднесе оставка

146

Граѓаните со транспаренти и со развиорени знамиња во рацете извикуваа слободна Македонија. Тие изјавуваа дека дојдени се да кажат дека се за Макединија. Јавно побараа Владата да си поднесе оставка, собранието да се распушти и да се оди на предвремени избори

Околу илјади граѓани – подржувачи на движењето “Бојкотирам” со оро ги прославија резултатите од Референдумот со кој, според нив, се зачува идентитетот на Македонците.

Граѓаните со транспаренти и со развиорени знамиња во рацете извикуваа слободна Македонија. Тие изјавуваа дека дојдени се да кажат дека се за Макединија.

– Еднаш мора да се знае дека сме за Македонија за век векови – извикуваа насобраните граѓани.

Ана Шијак ги читаше обвинетите во случувањата од 27 април и рече дека ова е историски ден за иднината на државата.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров прочита 18 точки од како што ја нарече Декларацијата на движењето, меѓу кои бара поништување на Договорот кој Македонија го потпиша со Грција. Тој го повика Основното јавно обвинителство да поднесе кривична одговорност за македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров како потписник на тој договор.

– Денес е голем ден, го одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема. Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот, пратениците најмалку 2 години не можат да гласаат за договорот со Грција – изјави претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров, кој посочи дека ги отфрлаат резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата.

Според него, спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор од најмалку 5 години и побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот. Тој побара и обвинителен акт за поткупување за време на референдумот – нагласи Петров.

– Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори – додаде Петров кој го поддржи претседателот Ѓорге Иванов кој во говорот во Обединетите нации во вистинска слика ја претставил Македонија. Го повика претседателот доследно да го почитува Уставот и да не прифаќа никакви уставни измени.

Пред и околу Собранието имаше видно полициско обезбедување, како и многубројни медиумски екипи од Балканот и Европа.