Бојана Ординачев ќе стане мајка во четвртата декада од својот живот

542

Убавата актерка лие лице периодов секојдневно го гледаме на ТВ екраните, со својата последна објава на Инстаграм ја откри веста која некое време успешно ја прикриваше-дека за прв пат ќе стане мајка и тоа во четвртата декада од својот живот.

Ординачев е во долгогодишна врска со мистериозниот маж кого од петни жили се труди да го сокрие од очите на јавноста, па приновата во исчекување ќе ја круниса нивната долгогодишна љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bojana ordinacev (@bojanaordinacev)

„Работите треба да одат по свој пат и да се случат кога треба да се случат. Луѓето велат дека е време јас да го направам тоа или она, да се омажам, да станам мајка, но ако луѓето дозволат, јас самата ќе одлучам кога е време за нешто. Сè во свое време. Во животот тие нешта најмалку зависат од нашите желби и очекувања“, изјави актерката во една прилика.

Среќната вест на Инстаграм и ја честитаа огромен број фанови, пријатели и колеги, меѓу кои и актерите од серијата „Игра на судбината“.