Ботман (не)реална желба

91

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се вклучи во трката по потписот на холандскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Свен Ботман. Централниот дефанзивец е проценет на околу 25 мил. евра, но и покрај големиот интерес на Јунајтед и Њукасл, фудбалерот на Лил најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот калчо гигант Милан.