Поранешниот ракометар на Вардар , Црногорецот Вуко Борозан, моментно е најплатениот ракометар на унгарскиот шампон Веспрем со плата од близу 30.000 евра.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој пак важи за еден од најдобрите стрелци на тимот не е ниту блиску до врвот, кога се зборува за најплатените играчи во тимот.

На Интернет се појави видео на кое се прикажани годишните примања на членовите на унгарскиот гигант во последните шест сезони. Долго време неприкосновен беше Момир Илиќ, а од оваа сезона на првата позиција застана поранешниот вардарец Вуко Борозан.

Пред неколку дена, Манасков и Веспрем ги започнаа подготовките за наредната сезона. Избраниците на Давид Дејвис во декември ќе бидат дел и од завршниот дел во Лигата на шампионите, кој беше одложен поради пандемијата со коронавирусот.