Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски се приклучи на ракометарите кои од Светско првенство испратија јасна порака дека нашето име е Македонија.
Како што тоа претходно го направија Стојанче Стоилов и Кире Лазаров, пред натпреварот со Бахреин и нашиот Борко алудираше дека Македонија е една.
Додека се интонираше македонската химна Ристоски покажа македонски симбол кој ги згреа срцата на илјадници Македонци.