Британскиот премиер Борис Џонсон им предложи на пратениците предвремени избори во земјата на 15 октомври и нагласи дека ако тој остане на функцијата, ќе го спроведе брегзит на 31 октомври.
– Ако продолжам да бидам премиер по вторник, 15 октомври, тогаш ќе излеземе на 31 октомври со, се надевам, многу подобар договор со ЕУ, рече Џонсон, обраќајќи им се на пратениците за време на дебата.
Џонсон додаде дека Велика Британија мора да одлучи дали опозицискиот лидер или тој ќе преговара со Брисел за брегзит.
Според него, предлог-законот за спречување на брегзит без договор, поддржан од пратениците вечерва, ја лишува земјата од правото да одлучи колку долго треба да остане во ЕУ.
Џонсон рече дека владата не може да функционира ако парламентот одбие да усвои она што тој го предлага.