Борис Џонсон е на одмор во Словенија

81
Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија од кабинетот на словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Џонсон и неговата сопруга Кери се на меден месец, пренесува СТА.
Даунинг стрит не сакаше да објави каде Џонсон оди на одмор оваа недела.
Според словенечките медиуми тој престојува во Језерско.
Џонсон поднесе оставка од функцијата премиер по серијата оставки на британските министри во јули оваа година.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната свршувачка.