Борис Бекер должен е повеќе од 50 милиони евра

335

На аукцијата за продажба на трофеи и сувенири на Борис Бекер, беа собрани вкупно 765.000 евра и со овие пари прославениот германски тенисер ќе испалти само мал дел од својот долг, отри организаторот на аукцијата за продажба на сувенирите и трофеите на поранешниот светски рекет број еден.

На аукцијата на продажба се понудија 82 предмети, медалји, пехари, рекети, часовници, фотографии и други предмети од богатата ризница на големиот Боеис Бекер. Во продажбата која почна на 27 јуни и заврши на 11 јули, учествуваа 494 лица од 32 земји.

Најмногу – 167.000 евра беа понудени за реплика на сребрениот пехар од САД Опен, за победата од 1989 година. Тогаш Бекер во финалето го совлада незгодниот Иван Лендл.

Но, долговите на Бекер може да изнесуваат над 50 милиони евра, така што остварувањето од оваа акуција е само капка во морето. Трикратниот освојувач на Вимблдон проглеси банкрт во 2017 година, по низа лоши инвестиции кои со години го влечеа кон бездната.

Тој во тој период му беше и тренер на најдобриот тенисер во свето, Новак Ѓоковиќ, но и тоа не го спаси од банкрот.

Германецот освен трите титули на Вимблдон, три пати има триумфирано на Ролан Гарос, еднаш на САД Опен и два пати на Австралија опен.