Борел: Русија нема да преговара додека не победи во Украина

87

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека „не е оптимист“ за ситуацијата во Украина и верува дека Русија нема да преговара додека не победи во конфликтот во Украина.

„Ја гледам јасната волја на Русија да победи во војната“, рече шефот за надворешна политика на Европската унија говорејќи на експертскиот форум во шпанскиот град Барселона. „Русија нема да преговара додека не победи.

„Не сум оптимист во моите очекувања за тоа како може да се развие овој конфликт во текот на летото“, изјави тој, додавајќи дека Европската унија треба „да продолжи да ја зголемува својата воена помош за Украина“.

Борел претходно во Брисел изјави дека додека ја координирал воената помош за Украина од Европската унија, тој не се чувствувал себеси како врвен дипломат на ЕУ, туку „министер за одбрана на Европската унија“.