Борел до Путин: Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи

72

Поддршката на Европска Унија за Украина е многу важна во „долгорочниот план“, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, Борел на состанокот во Стокхолм на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ истакна дека Русија и претседателот Владимир Путин мора да разберат дека ЕУ ќе истрае во своите напори.

– Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи, наведе Борел обраќајќи му се на Путин.

Тој додаде дека ЕУ не само што сега треба да обезбеди муниција, туку треба да подготви „повеќегодишна поддршка за Украина“.

– Украина мора да знае дека ќе ја поддржуваме не само во нејзините секојдневни битки во војната, туку и на долг рок, нагласи Борел.