Бондовиот каскадерски автомобил продаден на аукција за три милиони фунти

99
Реплика на автомобилот Астон Мартин ДБ 5, кој послужи за снимањето на филмот „Не е време за умирање“, од франшизата за агентот Џемс Бонд е продаден во средната на акуција за три милиони британски фунти, објави аукциската куќа „Кристис“.

Приходот оди во хуманитарни цели, како и парите оствартени од продажбата на 24 други артикли поврзани со франшизата, а по повод прославата 60 години Џемс Бонд.

Репликата на мделот ДБ5, заштитниот модел на агентот 007, е еден од осумте примероци од возилата дизајнирани и изведени за долгометражниот филм снимен во 2021 година и е едиствено каскадерско возило кое до денес е понудено на продажбата на „Астон Мартин“ и продукциската куќа ЕОН.
На аукцијата беа понудени и други автомобили, филмски костими и други предмети поврзани за славната сага за британскиот шпион.