Македонската ракометна репрезентација по инфаркт победата над Украина во првото коло на Европското првенство во Австрија, во ист таков натпревар загуби во 2. коло од Б- групата од репрезентацијата на Чешка со 25:27 (11:9)

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, одиграа одлично прво полувреме во кое постојано беа во водство и на одморот заминаа со два гола разлика (11:9). Но на стартот од вториот дел Чешка го сврте резултатот во своја корист и се одлепи на три разлика 12:15 во 40.минута. Од овој момент почна драмата на натпреварот, поточно „црвено – жолтите“ постојано го бркаа водството на противникот, а успеаја да израмнат во 55. минута 22:22. Но, ова не беше доволно да се направи целосен пресврт и да се забележи вториот триумф за сигурен пласман во главната фаза.

Лазаров со 11 гола беше прв стрелец кај Македонија, Манасков постигна пет, а Георгиевски четири гола.

Овој пораз сериозно ги компликува работите, бидејќи сега за пласман во следната рунда ќе мора во вторник да се совлада домаќинот Австрија.

Фото: П. Стојановски