Пред нешто помалку од две недели, англискиот премиерлигаш Њукасл доби нови сопственици. „Црно-белите“ сега се во сопственост на Јавниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија кој одвои 305 мил. фунти за купување на Њукасл.
Англискиот премиерлигаш е продаден на Саудиците откако британската влада го реши долгогодишниот спорт кој го имаше со катарската телевизија BeIN, кој е сопственик на ТВ правата за Премиер лигата на Блискиот исток. Саудиска Арабија го бранеше емитувањето на BeIN на својата територија, но истовремено не стави крај на големиот број пиратски преноси на натпреварите од Премиер лигата.
Според правилата на Премиер лигата, ниту една политика не смее да има некаво влијание кога е во прашање водењето на клубот или лигата. Од Саудиска Арабија беше побарана гаранција дека владата нема на никаков начин да се меша во работата на клубот. Откако беше добиена потребната гаранција, челниците во Премиер лигата додоа зелено светло за продажба на клубот.
Моментално, клубот ќе биде менаџиран од Аманда Ставелеи, жената која цело време функционира како посредник помеѓу поранешниот сопственик на Њукасл, Мајк Ешли и саудискиот фонд. Аманда веќе доби наредба во најбрз можен рок да му даде отказ на актуелниот менаџер, Стив Брус и да ја пронајде неговата замена.
После тоа Ставелеи има за задача да ги ангажира сите потребни луѓе за да функционира спортскиот сегмент, а тука клучната позиција ќе биде таа на спортскиот директор.
Тука, како и за менаџерската функција, се спомнуваат неколку имиња, но во прв план е тоа баш на Аманда Ставелеи. Таа се појави од сенка, но сега е главна алка во најбогатиот фудбалски клуб на денешницата иако претходно немала никаква допирна точка со најважната споредна работа на денешницата.
Нејзината приказна е повеќе од интересна уште од студентските денови. Со само 16 години се запиша на Cambridge иако претходно за само една година ги положи сите испити. Ситуација брз доби поинаква насока откако нејзиниот татко, Роберт, доживеа срцев удар, а нејзината мајка се бореше со Хантингтоновата болест. Поради таквата ситуација Аманда мораше да се отпише од Cambridge.
- чев во приватното училиште на кралицата Маргарет во Јорк. Веќе тогаш сфатив дека не е лесно да се работи со машката популација. Бев на психолог, бев одвоена од останатите и почнав да слабеам. Не можев да најдам решение за моите животни проблеми, изјави Аманда за англиските медиуми.
Пресвртот во нејзиниот живот се случи кога наполни 23 години и кога успеа да ја убеди банката да и даде кредит од 180.000 фунти за да отвори сопствен ресторан. Работеше како кувар и како келнер, често пати до раните утрински часови, но стекнатото искуство на крајот го искористи за својата нова пасија, да биде финансиски консултант.
На тој начин дојде во контакт со династијата Мактоум, која од 1833 година владее со Дубаи. Соработуваше и со арапските принцови, кои со текот не времето станаа нејзини коленти, а до крајот на своето приватно образование веќе имаше куќа во Дубаи и берзански акции вредни 120 мил. фунти. Сега има работа и во најбогатиот спортски колектив во светот, но и шасна од него да направи нова фудбалска велесила, прво во Велика Британија, а потоа и во Европа.
Во британската јавност е позната и по тоа дека две години била во врска со принцот Ендрју со кого се запозна во 2001 година. На крајот од нивната љубовна врска, Ендрју ја побара за жена, но Аманда ја одби понудата затоа што не сакаше да биде дел од кралската фамилија и не сакаше да го трпи се тоа кое ќе дојде со таквиот брак.
Денеска Аманда има 48 години, а пред осум години и беше дијагностицирана Хантигова болест. Станува збор за неуродегенеративно пореметување кое предизвикува абнормално моторичко движење и прогресивно когнитивно пропаѓање. За жал, нема лек за таа болест.
Болеста ја наследи од својата мајка Лин и со неа се бори веќе осум години. Редовно користи терапија за да ги ублажи симптомите и избегнува стресни ситуации. Интересно, но таа сега е дел од можеби најстресната ситуација во фудбалскиот свет.
Две години пред да и биде дијагностицирана болеста, Аманда се омажи за познатиот бизнисмен Мехрад Годоиси, за кој вели дека и е најголема подршка.
- Имам бескрајно внимателен сопруг кој многу ме сака. Не сакав да ме трпи кога дознав дека сум болна, но тој веднаш ми кажа дека не му е гајле за тоа и дека ќе ми ја најде најдобрата здравствена заштита која постои, изјави Аманда.