„Боинг“ и „Ембраер“ водат преговори за партнерство

17

 Американскиот авиопроизводител „Боинг“ и бразилската компанија за производство на авиони „Ембраер“ водат преговори за партнерство, потврдија двете компании, додека добро упатени извори тврдат дека се работи за спојување.

Американскиот финансиски дневен весник „Волстрит џурнал“ пишува дека „Боинг“ е подготвен да плати голема сума за да ја купи компанијата која се проценува на 3,7 милијарди долари.

Двете компании објавија кусо заедничко соопштение во кое потврдуваат дека „водат преговори за потенцијално комбинирање“, но не се спомнува ништо за спојување.