Божиќната магија во Белата куќа годинава пристигна порано: Џил Бајден воодушеви со декорациите/ФОТО

721
Фото: Twitter Jill Biden

Божиќната традиција оваа година пристигна порано во Белата куќа. Првата дама Џил Бајден претходниот период го посвети на украсувањето на величествената вила, а резултатот ги воодушеви граѓаните на САД.

Џил успеа да постави низа детаљи кои ги изненадија многумина. Акцентот на декорациите е на светилките, а темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.

Во ходниците и просториите на зградата се наоѓаат бројни новогодишни елки, украсени со мотиви кои потсетуваат на најсреќниот празник во годината.

Првата дама на својот официјален Твитер профил објави фотографија од официјалната елка во Сината соба.

„Инспирирани од дела на љубезност и искуства кои ни го подигнаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа одразуваат подароци од срце кои не обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, работа, заедница, мир и единство“, напиша Џил.

Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки ја осветлуваат новогодишната елка, венци и други празнични украси.

Сепак, Џил Бајден во оваа прилика избра да им оддаде почит на претходните жители на Белата куќа. Таа до елката објави фотографии од Барак и Мишел Обама, како и од Доналд и Меланија Трамп.