Божикно чудо: Уличен продавач на храна му донирал бубрег на редовен муштерија

172

Во оваа година на лоши вести, лоши настани, страв и неизвесност се чини дека луѓето одново си ја пронајдоа хуманоста.

Скали Вајт од Аботсфорд, Канада, кој работи како уличен продавач на брза храна, му донираше еден бубрег на својот долгогодишен муштерија Тим Хискок. Кога Скали дознал дека неговиот бубрег одговара не се премислувал многу.

-Ако имаш два здрави бубрега откажи се од едниот, дај му го на некој што му треба, вели Вајт.

Хоскок се расплакал тргнат од овој гест кој драматично му го смени животот – неговата операција минатата недела помина без проблеми и се сретна со Скали.

Тие двајцата уште долго ќе се гледаат на паркингот од болницата каде што е штандот на Скали за брза храна. Инаку, Скали ветува дека секому кој ќе донира бубрег ќе му следува доживотно бесплатен сендвич од неговиот асортиман.

И во 2020 е случуваат убави работи…