Божествена таа вежба јога: Диши-издиши!

233

“Секогаш се радувам на она што го имам, без да придавам важност на она што го немам. За тоа му благодарам на бога“!

Нашата позната новинарка, мотивациска говорничка, но и пејачка, Јулија Мациевска редовно вежба јога, а со јогата покрај она диши-издиши, харизматичната Мациевска си го чувствува самиот живот, се чувствува себеси. Инаку, таа деновиве се подготвува за својата Интернационална работилница наречена како “Божествена Јас!“ Тргнува од српскиот град Ниш на 16 ноември. Пејачката, таму нема да пее, овој пат ќе биде само во улога на мотивациски предавач/говорник. Секако дека би требало да ја посетите работилницата бидејќи има што корисно да се научи за животот. – Секогаш се радувам на она што го имам, без да придавам важност на она што го немам. За тоа му благодарам на бога!

Мојата внатрешна градина цвета во овие волшебни божествени бои и мириси, а секој ден се шири се повеќе низ универзумот. Така и моите цвеќиња во ноември цветаат и ми возвраќаат љубов. А, имам и малечки лути пиперчиња колку да знаете, мора по некој пат и лутко, бидејќи и тоа цвета убаво, раскажа Јулија пред да тргне на пат каде ќе го гледа, како што потенцира, и залезот на сонцето бидејќи сонцето и ја осветлува целата нејзина внатрешност. – Дајте само љубов, отворете го срцето, погледнете со очите, порачува среќната Мациевска и преку својата гледана ТВ-емисија “Будење со Јулија“. Д.М.