“Божа звани Пуб“ на Балашевиќ, комарџија и боем, но расипан како шуплив заб

105

И нашиот Игор Џамбазов си направи своја македонска верзија на песната, па ја нарече како “Кољо што го викаат поп“, која исто така стана многу слушана

Спомените на легендарниот и прерано починат (од коронавирус) пејач Ѓорѓе Балашевиќ не стивнуваат. Се редат и сеќавањата на тоа како се создавале неговите многубројни песни кои се всушност цели животни приказни. Ретко кој знае на пример за настанувањето на песната “Божа звани Пуб“ која останува да се слуша и денес како некогаш.

Петар Божанијаниќ-Пуб е роден во Лика, во далечната 1895 година, денешна Хрватска, некогашна Австро-Унгарија, во српското село Тужевиќ, недалеку од Госпиќ. Во Првата светска војна станал храбар борец од Солунскиот фронт, преживувајќи ги голготите на планината Проклетија кога со српската војска преку Албанија се повлекле на грчкиот остров Крф.

По војната, како и многу други солунски борци, тој добива девет хектари земја во Бачка (денешна Србија) и со уште 20-мина го основа Ново Село. Животот почнува пак да си тече, но Божа станува комарџија, боем, џентлмен, но и женскар. Човек со големо срце и широка рака, кој им помагал на сиромашните селани. Но бил голем вљубеник во комарот и картите.

И ете така, многу, многу години подоцна приказната за Божа ја дознава и самиот Балашевиќ,кој сето тоа го преточува во доста интересни стихови: „Едни го фалат, други се жалат, трети велат тој бил расипан како шуплив заб“…. Стиховите на кои сите се сеќаваме стануваат легендарни.

Ни еден концерт на Ѓорѓе не можеше да помине без оваа шегобијна песна. Дури и нашиот шоумен Игор Џамбазов си направи своја македонска верзија на песната, па ја нарече како „Кољо што го викаат поп“. Се зборува(ше) дека Пуб еднаш ја изгубил куќата на карти. Но тоа никој не го потврдил.

Останаа само живите сеќавања на овој комарџија и боем, кој Балашевиќ засекогаш го оживеал преку песната. Инаку, Божа Пуб умрел во 1975 година и повеќе од четири децении мирно почива на селските гробишта во селото Фекетиќ.   Д.М. foto:Instagram