EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ ја продолжи соработката со Атланта за наредните четири години, објавија од НБА клубот.

Според „ЕСПН“, Богдановиќ со новиот договор треба да заработи 68 милиони долари во тимот во кој дојде во 2020 година.

Од декември лани, кога се врати на паркетот по повредата, српскиот бек во просек бележи по 14 поени, три скокови и исто толку асистенции по натпревар.

Атланта во моментов се наоѓа на осмото место во Источната конференција со 34 победи и еден пораз повеќе, и е на пет победи под плејоф-зоната.