Кошаркарите на Србија се пласираа во полуфиналето на Мундобаскетот, откако славеа во нокаут фазата против селекцијата на Литванија со 87:68. Србите водеа во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено запишаа полуфинале, во кое силите ќе ги одмерат со подобриот од денешниот дуел меѓу Канада и Словенија, меч кој стартува во 14:30 часот.

Најзаслужни за овој трумф беа капитенот Богдан Богдановиќ кој запиша 21 поен, а одлучна партија имаше и Филип Петрушев со 17 коша.