Богдановиќ: Живи и среќни да сме во новата 2021 година

482

-Годинава започна многу оптимистички, со многу идеи и планови за реализација. Продолжи со соочување со суровоста наречена КОВИД 19, со прифаќање на работите такви какви што се и со доза на неизвесност за тоа како ќе се одвиваат работите-истакна во своето новогодишно обраќање, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

При тоа, тој ги спомена најзначајните проекти кои Општината ги реализираше во изминатата година, а најави и нови проекти во годината која ни следи.

Меѓу другото, посетата на Дедо Мраз во Општина Центар донесе радост и ведрина кај децата и возрасните.

Градоначалникот Богдановиќ посака живи, здрави и среќни да сме сите во новата 2021!