Богдановиќ даруваше крв за лекување на пациентите на клиниките

126

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска се вклучи во хуманитарна крводарителска акција организирана од Институтот за трансфузиона медицина.

 

-Во салата на Советот на Општина Центар, заедно со моите колеги, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита, дониравме крв за лекување на пациентите во клиниките-изјави Богдановиќ.

Тој додаде дека покрај редовните крводарителски акции кои се спроведуват во Општина Центар, оваа акција е значајна за помош на пациентите кои се лекуваат од коронавирусот и намалениот број на крводарители заради вонредната сосотојба со COVID-19.