Богати понуди за Руиз

35

Близок извор до таборот на италијанскиот калчолигаш Наполи откри дека клупските челници очекуваат богати понуди за одличниот играч за врска Фабијан Руиз од раководните лица на шпанските гиганти Барселона и Реал (М).

Благодарение на совршените игри во актуелната сезона, поранешниот фудбалер на Бетис од Севилја го привлече вниманието на европските гиганти и за очекување е да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Сепак, понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 80 мил. евра.