
Германските медиуми се убедени дека најтрофејниот клуб во Бундес лигата, Баерн (М), во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Истите медиуми се убедени дека големата желба на баварскиот клуб ќе стане реалност ова лето само доколку официјалната понуда за напаѓачот не биде помала од 80 мил. евра.