Боби Павловски не застанува…..Момче Македонче повторно ја освои Србија!

201

Македонскиот пејач и одличен клупски музичар и забавувач, Боби Павловски кој го препознаваме и по српските хитови „Метар дана“ и „Тамо негде“ ја има и третата песна наменета за пазарот кај северните соседи. Боби вели дека песната ги поседува сите одлично вклопени моменти да стане голем балкански хит во што ние не се сомневаме. И додека ја слушате “Самица“, рефренот најлесно ви се лепи за ушите. Музиката е дело на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад интересниот видеозапис стои тимот на “Tropical Lifeisfun“.
Кадрите за спотот се снимени во Белград, а покрај Боби во оваа приказна се појавуваат уште неколку интересни ликови. Во видеото Боби завршува зад решетки во самица, а сè е зачинето со грабежи, оружје, скршени срца… како во некоја крими-приказна. Веруваме дека овој необичен спот кој цело време ве држи прикован за стол исто така ќе биде доста присутен во музичките програми и на нашите телевизии. Во Србија е прифатен, па зошто не и во Македонија. Боби Павловски одлично ги одработил сите тие работи, и како пејач и како глумец.
Д.М. /фото:ФБ/