Блиска средба – борбени авиони на НАТО пресретна руски воени авиони

69
Фото: RAF

Борбени авиони на НАТО по втор пат оваа недела пресретнаа руски воени авиони во близина на естонскиот воздушен простор, соопшти британското воено воздухопловство (РАФ).

Во вчерашната операција учествуваа британски и германски ловци, кои пресретнаа руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е втор ваков настан оваа недела.
Два борбени авиони Тајфун пресретнаа руски воен транспортер Ту-134, по што следеа два руски ловци Су-27 Фланкер и АН-2, воен транспортен авион, соопшти РАФ.

Ваквото пресретнување не е нетипично, но заедничката операција за чување на небото се случува за прв пат во соработка меѓу два сојузници на НАТО, Германија и Велика Британија.

РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие тензични моменти“.

„Ние брзо го идентификувавме рускиот авион и потоа ги следевме додека летаа блиску до воздушниот простор на НАТО“, рече Ричард Лиск, еден од командантите на РАФ.