Блесави Британци смислиле оригинален начин за пречек на Трамп/видео

114

Џиновска кукла на американскиот претседател Доналд Трамп, која седи на ВЦ школка, додека на телефон пишува коментари на социјалните мрежи е најновиот духовит облик на протест на Британците кон неговата политика и лик.

Експертот за диносауруси Дон Лесем се надева дека никој нема да ја заборави пет метарска кукла на Трамп  која зборува и испушта гасови додека е на БЦ школката.Џиновската кукла е наменета за лондонскиот протест против американскиот претседател.

Истата група го пречека Трамп минатата година со огромен балон на бебе кое изгледа како него.

„Трамп се чини поголемиот дел од времето го минува во тоалет и на социјалните мрежи, па затоа решив да го ставам на златна школка“, рекол Дон Лесем.

Гласот на претседателот се снимки од Трамп, а звукот на испуштените гасови се уметничка слобода.