Блажевски го реши големото дерби, Академија Пандев го изненади Работнички

44

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со гол на Блажевски во првото полувреме дојде до победа против големиот ривал Пелистер, иако не одигра на највисоко ниво, но ги освои трите бода.

Еден гол го реши најголемото македонско дерби, Вардар со победа од 1-0 се враќа од Битола.

Клучниот момент се случи во 31. минута кога по една убава акција Блажевски постигна гол за водство на Вардар кое значеше и победа.

Пелистер имаше неколку одлични шанси за изедначување, битолчани беа подобри во второто полувреме но иницијативата и можностите не ги претворија во погодок.

Скопје беше на добар пат да направи уште едно изненадување, но не успеа. Со гол на Мишевски имаше водство против Шкендија од 1:0, но Ибраими и Хасани погодија за комплетен пресврт и три бода на тетовскиот тим.

Академија Пандев продолжува со фантастичните резултати овој пат со 2:1 славеше на гостувањето кај Работнички.

Романтичарите поведоа со гол на Џофри во осмата минута, Атанасов и Мишов реализираа за победа на Академија Пандев од 2:1.

Силекс со гол на Филиповски дојде до триумф над Победа.

Синоќа Ренова и Шкупи одиграа без голови.