Благица Павловска, која ова лето промени неколку имиџи, од виенска кралица, до духовита кумановска кавкаџика“, не престанува да изненадува како со песните, така и со новиот изглед на сцената. Со исто темпо продолжува на почетокот на топлата есен. Односно на почетокот на благо дождливата пролет. Како тоа пролет? Па, така едноставно.
–
Благица е моментално на турнеја во далечна Австралија, а таму е сега рана пролет. Кај македонските иселеници, пејачката секогаш беше и остана многу барана, сакана, а нејзините песни во македонската дијаспора се едни од најслушаните. За да им оди по ќеифот, вредната Благица се потруди повторно да изненади. Сега е Индијанка, облечена како поглавица од некое индијанско племе, со пердуви на главата, во индијанска народна носија.
Гледајќи ја вака визуелно оригинална, ќе кажеме дека е вистинска штета што се уште не се емитува популарното ТВ-шоу „Твоето лице звучи познато“. Благица гарант би била убедливо прва! Си ја знае таа својата естрадна работа: никогаш да не им е здодевна ниту на фановите, ниту на новинарите. И успева во тоа. Д.М.