Блага Петреска и покрај смртта на сопругот цврсто стоела на нозете

240

Македонската пејачка фолк легенда Блага Петреска како млада жена го изгуби својот сопруг во кој логично била многу вљубена. Со него изродила син и ќерка. Синот е денес наш познат музичар Олег Кодратенко, а ќерката живее далеку од Македонија. Таа едно време се занимаваше со новинарството. Блага никогаш повеќе по смртта на сопругот не се мажела, останала самохрана мајка:
-Никогаш не почуствував потреба да направaм нова брачна заедница. Болката по сопругот никогаш и не престанала. Мене ми се случи вистинската љубов! Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, дека цврсто ќе стојам на нозете. Tие да учат, да бидам добри луѓе, да завршат факултети, да имаат свои семејства. Така и бидна. Денес сум горда мајка и горда баба, задоволно раскажува Блага, која и покрај сите потешкотии останала ведра, насмеана, расположена. Д.М.