Бијонсе и оддаде почит на Тина Тарнер: Моја кралице, те сакам бескрајно

199

Познатата рок пејачка Тина Тарнер почина во средата по долго боледување на 83-годишна возраст. Од неа се збогуваат бројни колеги од музичкиот свет, меѓу кои и Бијонсе, за која Тарнер беше еден од најголемите примери.

Во среде на нејзината турнеј Renaissance, Бијонсе објави емотивна порака на веб-страница посветена на Тина.

„Моја сакана кралица, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за твојата инспирација и за сите начини на кои си го трасирала патот. Ти си сила и издржливост, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите ние сме толку среќни што сме сведоци на твојата добрина и прекрасен дух кој ќе живее вечно“, напиша Бијонсе.