Бизнисмен се обложил дека биткоинот до декември 2018. ќе вреди 50.000 долари

27

Непознат бизнисмен се обложил на милион долари дека биткоинот до крајот на следната 2018 година ќе достигне вредност од 50.000 долари, што е речиси трипати повеќе од сегашна цена на крипто валутата, пишува „Волстрит Џурнал“.

Имено, инвеститорот или еветуално група инвеститори купиле т.н. биткоин „кол опции“ – право на закуп на биткоин во одреден период за одредена цена, заклучно со декември 2018. Самиот влог е прв од ваков вид на берзата, се вели во написот.

За овие биткоин опции се платени речиси еден милион долари во последните 24 часа.

Името на инвеститорот или групата инвеститори не е соопштено.