Бизарно! Тетовираниот Бекам јадеше сперма од бакалар: “Многу е вкусно“!

101

Популарниот и над сè богатиот Дејвид Бекам може да прави што му се сака. Освен што на себе има многу тетоважи, познат е и по необични јадења….па, така пред некоја вечер тој се насладуваше со спермата од бакалар, па сликата од тој специјалитет ја стави на Инстаграм. Тој за време на една посетата во јапонски ресторан не можеше да остане рамнодушен кон ова јадење кое е многу скапо и кое се готви на специјален начин. Откако ја проба спермата, Бекам кажа:

– Има вкус на мозок од свиња, а изгледа како крем, многу е слатко и вкусно. Тој е голем обожавател на рибини специјалитети и за време на вечерата нарача разни видови морски плодови: јастог, лосос, медуза, ежеви, црвени ракови….