Бизарно! На раперот Десингерица обожавател му излижа стапалo

517

Контроверзниот балкански рапер Драгомир Деспиќ, попознат со прекарот Десингерица, повторно ја вознемири публиката. Тој на еден настап пред неколку дена направи крајно бизарна сцена. Десингерица своето босо стапало од десната нога го испружи кај фановите во првите редови. Еден од обожавателите, за кој не е утврдено дали дотолку беше или напален или залиен со недозволени средства за подигање на адреналинот, добро му го излижа, се разбира, стапалото.  Таа акција го изненади и самиот рапер, кој инаку е познат по сите концертни „гадости“, кои им ги приредува на фановите. Десингерица знае да ја „удира“ публиката со патика по глава, знае да се „фаќа“ на незгодно место, да плука, да рика…. И сè е во интерес на добрата забава, а за некои тоа е и во интерес на уметноста.  Што е многу, е многу. Ако воопшто тоа е некоја уметност?!