Биг Мама (Бесјана Касими), ТВ-водителка и пејачка, на кафе со Талат Џафери

169

Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, гостуваше во забавната емисија „Магазин“ на ТВ Сител и притоа за него зборуваше и познатата поп и рнб-пејачка и тв-водителка, Биг Мама, односно Бесјана Касими (сега таа има 40 килограми помалку и изгледа одлично, благодарение на хируршкиот зафат- бајпас стеснување на желудникот, кој моментално е хит во светот), а која ѝ рече на водителката Јана дека го има најтоп политичарот во студио.

-Како што изгледа строг, не е таков. Првпат кога го гледав на телевизија, кога го немав запознаено, имав некоја антипатија кон него. Можам да кажам дека ми беше најантипатичен политичар.

И кога се запознавме, кога првпат ми гостуваше во мојата емисија се мислев каков ќе биде? Јас сакам забавни луѓе, јас сакам забавни политичари. И не замислував дека тој може да биде толку забавен, толку човек од збор. Тој ги прифаќа сите шеги, и тој се шегува на неговата сметка.

Секогаш кога сме биле заедно сме зборувале за музика, за забава. Не сме зборувале воопшто за политика.

На крај, Биг Мама рече дека ќе му постави најтешкото прашање на Џафери: „Господине претседателе, по емисијата, дали ќе ме носиш на кафе, по што тој молскавично и задоволно, одговори: Секако“!                                                              Д.М. / фото:Инстаграм на Биг Мама/и Јутјуб/