Поранешната сопруга на Том Круз, холивудската актерка Кејти Холмс во провокативно издание позираше за новиот австралиски број на магазинот “Вог“.

Со секој свој стајлинг Кејти Холмс го привлекува вниманието на јавноста и добива комплименти, а истата реакција ја предизвика и со неодамнешните фотографии што ги објави на социјалните медиуми.

Славната актерка изминативе денови снимаше едиторијал за австралиското издание на престижниот магазин “Вог“ и со своите бројни фанови на Инстаграм сподели две фотографии што ќе бидат прикажани во претстојниот број. Холивудската миленичка позираше пред леќата на фотоапаратот, а со својот предизвикувачки стајлинг никого не остави рамнодушен.

Поранешната сопруга на Том Круз позираше во црно од глава до петици, откривајќи завидно тенок стомак. За ова снимање, Холмс носеше смела модна комбинација резервирана само за оние најхрабрите, која се состоеше од градник без корпи, огромно сако со два реда копчиња и широки свилени панталони.