Пејачката Рита Ора е причината за разделбата на скандалозниот тенисер Ник Кириос и неговата партнерка Киара Пасари. Двојката се раздели по интервенција на полицијата, откако се скараа додека беа заедно во карантин во хотел во Австралија.

Измамената Киара објави фотографија на која Ник гушка жена и напиша: „Оваа гола девојка во неговиот кревет не сум јас“.

Таа е убедена дека станува збор за Рита Ора, која пред извесно време помина низ креветот на возачот во Формула 1, Луис Хамилтон.

Врската помеѓу британската пејачка со албанско потекло и тенисерот се шпекулираше уште во март, кога пејачката отпатува во Австралија за да сними спот.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Рита Ора: