Бибер саркастично до Захариева: Ако Тито не смее да се слави во ЕУ, чудо е како влегоа Словенија и Хрватска

439

Професорот на Универитетот во Грац, Флоријан Бибер, кој важи за експерт за политиката и историјата во Југоисточна Европа на својот Твитер профил го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, еден од најмрачните диктатори – Тито.

„Бугарската МНР апсурдно тврди дека не смее да се слави Тито во ЕУ. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ (сигурно ги промашив и сите македонски прослави на Тито)“, напиша Бибер.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Екатерина Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.