Биба Додева: Јас сум постојано духовита!

51

Кога ја нема, навистина ја нема. А, тоа се однесува за естрадната сцена. Но, кога ненадејно ќе се појави на сцената, апсолутно крева голем музички прав. Станува збор за поп пејачката Биба Додева која минатиот викенд триумфално победи на штотуку завршениот фестивал “Охрид-фест 2019“. Биба пред неколку години победи на овој фестивал со хитот “Јас и мојот бенд“, песна која многу се слушаше, а и денес можеме да ја чуеме на голем број радио станици. Од тогаш па до денес поминаа многу години, а Биба пак победува, ова лето на “Охрид фест“, овој пат со песната “Како некогаш“, навистина како некогаш. И што е најважно таа остана многу духовита, насмеана, расположена без разлика што во изминатите години имаше тежок период. Дури успеа многу да ја насмее и нацијата во овие турбулентни моменти, објавувајќи една своја слика со коментар на своја сметка, а на која е со Катица Јанева, пишувајќи под сликата: “Кој се опекол на Катица, ќе дува и на Биба“.
– Се шегував, се разбира, кога напишав. И не сум дала рекет за да победам на “Охрид фест“, вели Биба. Духовитоста во животот мора да е присутна, инаку ќе забегаме со тажни емоции, а тоа не сакам. Во животот треба секојдневно да се ужива, да бидеме често насмеани, бидејќи животот е суров сам по себе. Јас сум постојано духовита, гледам само напред, чекорам со голем оптимизам иако во себе ја носам непреболивата болка по мојата мајка која почина, која бесконечно ми фали. После “Охрид-фест“, сега се подготвувам или за настап на “Макфест“ оваа есен во Штип или ќе заминам на единствениот “Светски конгрес за рак“ претставувајќи ја Македонија како претседател на здружението “Борка“…. Д.М.