Бејл како позајмен

59

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал откри дека раководните лица подготвуваат официјална понуда за велшкиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Герет Бејл. Крилниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, но истиот извор тврди дека челниците на популарните „топчии“ сакаат во јануари да го позајмат поранешниот фудбалер на Тотенхем.