Бесплатна летна менторска школа

110

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ на иницијатива на раководството од „Семос eдукација“ – Скопје ќе овозможи бесплатна летна менторска школа за една од трите програми на менторирање во текот на летово.

Ќе биде доделена целосна стипендија за една од следниве летни менторски програми: програма за UX –Design,  програма за Game Design, Unity & Autodesk и  програма за back-end Python Developers.

– За добивање на стипендијата треба да се исполнуваат следните критериуми: апликантот да е жител на општина Крива Паланка и да биде  на возраст од најмалку шеснаесет години. Апликантот треба да достави есеј со најмногу 1.000 зборови во кои ќе објасни како стекнатото знаење ќе го примени и аплицира во практиката и како тоа знаење ќе придонесе за развој на Крива Паланка – посочуваат од Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.

Апликацијата со генералните податоци за кандидатот и есејот треба да се испрати на следната адреса: kursevi@semos.com.mk со наслов во истиот „Апликација за целосна стипендија“, најдоцна до 20 јуни.

Од „Семос едукација“ информираат дека обуката ќе се одвива во Скопје, под менторство на професионалци од компании, со сертифицирани тренери.